Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Предлозите за пресметка на данокот на моторни возила на разгледување во Влада наредната седница

/

пред 1089 дена

Сподели преку :

Јавноста остана без детали за тоа што вчера се договараше во финансии во однос на најавите за нова методологија за даночење на моторните возила. Вчерашните разговори меѓу претставници од приватниот сектор и владата, во форма на предлог на наредната седница ќе се најдат на разгледување во Влада.

Извори за Телма брифираат дека покачување на данокот ќе има кај одредени категории на возила со поголеми мотори и возилата кои имаат поголема емисија на јаглерод диоксид во воздухот.

Данокот, пак, на возилата со вредност до 10.000 евра е предвидено од нула да скокне на 1 отсто. Цената на моќните возила би се зголемила за, отприлика, 1.000 евра, а кај волуменските возила, нема да има драстични промени во цената.