Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Предметот за Христовски во ДКСК дополнет со нова, трета, претставка

/

пред 691 дена

Сподели преку :

Претпладнево до Антикорупциската комисија пристигната е уште една претставка за директорот на Агенцијата за национална безбедност – АНБ, Бојан Христовски, потврдија за Телма од Комисијата.

Предметот за Христовски е отворен на 22-ри октомври и оттогаш е дополнуван со анонимни претставки уште три пати.

Минатата недела, Антикорупциска испратила барање и до Просветниот инспекторат со кое се бараат информации за факултетската диплома на Христовски од Универзитетот за менаџмент и туризам. Инспекторатот има рок од 15 дена да одговори.

Со претставките до ДКСК се оспоруваат условите за именување на директор на АНБ, а сомнежи се однесуваат на работниот стаж, образованието, искуството и јазичниот сертификат од Бугарија, кои што се посочени во биографија на Христовски.

ДКСК објасни дека одлуката за директорот на АНБ ќе биде донесена на јавна седница по добивање на сите потребни материјали и одговори.

Христовски е именуван за директор на АНБ на 16-ти октомври на владина седница.