Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Предупредување за можни поплави во источните и југoисточните региони

/

пред 322 дена

Сподели преку :

Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолто ниво на предупредување за поплави поради високите водостоји во неколку реки низ земјата. Најголема опасност се очекува кај реките Пчиња, Брегалница, Лепенец и Струмица, како и нивните притоки и суводолиците.

Во текот на ноќта е забележано значително зголемување на водостоите, а според прогнозите, високите нивоа на вода ќе останат и денеска. На поединечни места се очекуваат локални излевања и заезерувања на водата.

Исто така, висок водостој е забележан и на горниот тек на реката Вардар. Во западниот дел на земјата прирастот на водостоите е помал, поради студеното време и снежните врнежи на планините.

T.Д.