Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Преговори во Ријад за мировен договор во Украина

/

пред 574 дена

Сподели преку :

Денес во Саудиска Арабија се водат разговори меѓу американските претставници кои водат посебни разговори со руските и украинските дипломати за прекин на огнот во Украина.

Претседателот на Украина Зеленски, изјави дека е потребен поголем притисок врз Русија, а додаде дека бил информиран од украинскиот министер за одбрана Умеров кој го известил дека сите претставниците работат конструктивно за да се постигне примирје.

„Денеска е вториот состанок меѓу украинскиот и американскиот тим во Саудиска Арабија. Овојпат на потехничко ниво – со нашата војска, дипломати и претставници од Министерството за енергетика. Само што разговарав со Рустем Умеров (министер за одбрана на Украина), кој ме информираше за средбата и текот на преговорите“ изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Руските власти изјавија дека во разговорите ставиле фокус на враќање на договорот за жито во 2022 година за транспорт во Црното Море постигнат со посредство на ОН и Турција, кој и овозможуваше на Украина да го извезува своето жито по морски пат без да биде нападната од Русија.

На одделните состаноци во Ријад е дополнително е предвидено да се разговара за деталите за прекин на нападите со долг дострел од Русија и од Украина, како и за ударот врз енергетските капацитети и цивилната инфраструктура.

Украина и Русија начелно се согласија за ограничен прекин на огнот, откако американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со лидерите на земјите. Руските и украинските страни понудија различни гледишта за тоа кои цели би биле забранети за напад, а се обвинија меѓусебно дека ги поткопуваат напорите да се постигне мировен договор.

Теа Димковска