Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прекриено со земја и предмети – пронајдено безживотно тело на маж во помошни простории на куќа во Кавадарци

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Безживотно тело на 42-годишен маж, по кого семејството трагало неколку дена, е пронајдено денеска во помошни простории на куќа во Кавадарци.

„Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам“, информираат од Обвинителството.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на лице место во куќа во која е пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж, информираше попладнево Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот.

„Од лице место подигнати биле траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител“, соопштија од Обвинителството.