Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прекршочен, а не Управен, требало да одлучува по тужбата на Јолевски против одлуката за дискриминација на обвинителката Ристовска

/

пред 795 дена

Сподели преку :

Прекршочен, а не Управен суд, требало да одлучува по тужбата на поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски против одлуката за дискриминација на неговата колешка Ленче Ристовска која не беше унапредена во Вишото јавно обвинителство, со образложение дека е млада за извршување на позицијата. Комисијата за заштита од дискриминација бара од Вишиот управен суд да ја укине пресудата и да ја врати на претходно одлучување на Управниот суд, за да донесе решение за отфрлање на тужбата како недопуштена. Забележуваат дека Управeн сторил суштествени повреди на одредбите за постапката и погрешна примена на материјалното право..

„Судот погрешно постапи со тоа што не ја отфрли тужбата со решение, согласно Законот за управни спорови, бидејќи не се исполнети услови за водење на управен спор. Мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, оспорувано од членот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски не е управен акт и против него не може да се води управен спор. Управниот суд, со оваа пресуда, остава простор за креирање на противправна пракса на третирање на мислењата на Комисијата како управни акти, спротивно на Законот за управни спорови и Законот за спречување и заштита од дискриминација“, пишува во реакцијата од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

По одлуката на Комисијата дека Јолевски ја дискриминирал Ристовска со тоа што не ја унапредил додека е на породилно отсуство, и Управен на почетокот на јули пресуди во корист на обвинителката. Ја одби тужбата на Јолевски како неоснована и го прифати мислењето на Комисијата. Јолевски се бранеше дека Ристовска не била унапредена, бидејќи тогашниот  републички јавен обвинител не го доставил извештајот за нејзината работа, кој го побарале членовите на советот. Одби да ѝ се извини и ја тужеше комисијата.