Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прекршочните предмети доминираат но се уште застаруваат предмети и поради измените на КЗ – 71 предмет лани застарел во Кривичниот суд

/

пред 648 дена

Сподели преку :

„Моќник“ и „Тендери“.  Ова се дел од предмети за кои медиумите лани известија дека добиле печат  застарено во судовите. Но под радарот на јавноста застареле и други . Вкупно 236 предмети во сите судовите заклучно со ноември лани.

Најмногу во Кривичниот суд 71  покажуваат податоците што ги добивме од Судскиот совет.

Од Кривичен велат, логично е како суд со најголем прилив на предмети да има и најмногу застарени предмети.

Најбројни биле прекршочните за кои од судот тврдат дека ги воделе  брзо и ефикасно, но проблемот го лоцираат во  рокови на застарување, 4 години од сторување на прекршокот, кои сметаат дека се кратки. Според пресметките на судот само процеуирањето од органот што ја поднесува пријавата прекршокот до судот во просек траело  1 година а  дел од нив по првостепената пресуда одат по жалба во апелација.

За застарување на предметите и годинава влијаеле измените на КЗ со кои роковите на застарување значително се намалија.

Заради тоа и дел од предметите во одделението за организиран криминал и корупција застареа иако најголем дел веќе еднаш беа првостепено завршени во судот, но вратени на повторно постапување од Апелациониот суд, велат од Криивчен.

За побрзи и поефикасни судски постапки во одделението за организиран криминал и корупција планираат да почнат предметите да ги водат со поинакво темпо, во континуитет. Еден предмет да се се суди се до донесување на првостепна пресуда. Според планот на судиите од ова одделелние, кога ќе  завршат со еден предмет да започне со исто темпо да се суди друг предмет, а приоритет да се дадва на предмети со кратки рокови за застарување, притворски предмети и предмети од висока корупција кои се од јавен интерес, посочуваат од одделението за организиран криминал

За ваквиот организиациски план, одделението е веќе во фаза на обезбедување техничка опрема во судниците која ќе послужи за видео и аудио презентација на материјалните докази, распишан е оглас за нови судии поротници и се врши анализа на предметите од аспект на приоритет за насорчување. Одредбите до кривичниот законик веќе предвиделе услови за успешно спроведување на проектот без притоа да се нарушат правата и обврските на странките во постапката, велат од Кривичен.

Во 2023 застареа повеќе предмети од организиран криминал и корупција, пред се поради законските измени. Меѓу нив и масовното прислушување од Таргет – Тврдина каде обвинет беше и Сашо Мијалков. Утре Кривичен ќе ја објави пресудата за делот од обвинението  поврзан со уништување на опремата за следење во УБК. Но и на „Тврдина“ ѝ се ближи рокот за застарување за неколку месеци. Ако до тогаш не стане правосилна пресудата  ќе застари.

Елена Ивановска Мукоска