Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Во Скопје наутро студено, а преку денот сончево и релативно топло со слаб северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 3°C, а максимумот од 15 до 22°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-7 Берово, -5 Битола, -4 Маврови Анови, -3 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -2 Претор, Штип, Гевгелија, -1 Крива Паланка, Велес, Кавадарци, Попова Шапка, 0 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово, Крушево, 1 Виница.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
23 Попова Шапка.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 7.0, Преспанско Езеро 3.0, Дојранско Езеро 7.5.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]











