Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премиера на „Ориент експрес“ вечерва во Сараево, во режија на Андреј Цветановски

/

пред 208 дена

Сподели преку :

Македонскиот режисер Андреј Цветановски вечерва ќе има премиерата на претставата
„Убиство во Ориент експрес“ на сцената на Народно позориште Сараево, една од
најзначајните театарски институции во Босна и Херцеговина. Станува збор за сценска
адаптација на познатиот роман на Агата Кристи, направена според драматизацијата на
Кен Лудвиг.

Претставата ја носи на сцената приказната за мистериозно убиство во легендарниот воз
Ориент експрес, каде група патници стануваат дел од сложена истрага што ја води
детективот Херкул Поаро. Но, зад класичната криминалистичка приказна се отвора и
големото прашање – што е поважно: правдата или законот. Цветановски во пресрет на премиерата изјави дека ова дело е вистински предизвик за
секој режисер.

  • Oваа претстава ќе биде наше засолниште во наредните месеци, додека заедно ги следиме
    трагите во заговорот наречен ‘Убиство во Ориент експрес’ и се прашуваме – кој е
    праведен, а кој виновен“, изјави режисерот, рече Андреј Цветановски , режисер на претставата. Тој нагласува дека темата на делото е особено блиска и во балкански контекст.
  • Ова не е само мистерија, туку драма за прашањето што е правдата и дали таа станува
    закон кога луѓето ја земаат во свои раце“, истакна Цветановски.
    Уметничкиот директор на Драмата во Народно позориште Сараево, Алдин Омеровиќ,
    оцени дека секоја премиера е празник за театарот и изрази задоволство од работата на
    целиот тим.

Актерите од ансамблот на Народно позориште Сараево истакнаа дека процесот на работа со македонскиот режисер бил инспиративен и динамичен. Познатиот актер Марио Дрмаќ изјави дека работата на претставата била вистинска актерска авантура.

  • Со ваква екипа и со режисер кој знае да ја води целата игра, процесот беше вистинско
    уживање. Тоа е театарска игра во која сите сме целосно вклучени“, изјави Дрмаќ. За атмосферата на пробите и начинот на работа на македонскиот режисер позитивно
    зборува и актерката Амра Капиџиќ, која вели дека процесот бил исполнет со доверба и добра енергија во ансамблот.
  • Андреј е прекрасен млад човек и режисер, кој точно знае на кој начин сака да ја раскаже
    приказната и да ѝ даде свој личен печат. Тој им верува на актерите и многу внимава секој
    актер да се чувствува добро и пријатно на сцената“, вели Капиџиќ, додавајќи дека токму
    таквиот пристап создал и исклучително пријатна работна атмосфера.

Интересот за претставата е огромен, а според информациите од продукцијата сите
репризи се распродадени уште пред самата премиера.

Во претставата играат: Марио Дрмаќ, Фарук Хајдаревиќ, Нерман Махмутовиќ, Анастасија Дуњиќ, Амра Капиџиќ, Иса Осмиќ, Санела Крсмановиќ Бистривода, Ведрана Божиновиќ, Дино
Бајровиќ, Елма Фетиќ, Мак Ченгиќ и Ела Селимовиќ.

Драматургијата ја потпишува Џејна Хоџиќ, сценографијата и костимите се дело на Адиса
Ватрeш Салимовиќ, музиката ја компонира Мирза Реџепагиќ, а дизајнот на светло е на
Моамер Шаковиќ.

Со оваа премиера, македонскиот режисер Андреј Цветановски уште еднаш го потврдува
своето место на регионалната театарска сцена, носејќи македонски режисерски потпис на
една од најголемите сцени во Сараево.

Сотир Трајков