Коридорот 8 веќе не политичка тема, туку приоритет за развојот на земјата, а на терен се извршуваат реални активности, оценија владините претставници кои денеска, придружувани од американската амбасадорка Ангела Агелер и претставниците на компанијата „Бехтел и Енка“ направија увид во работите на делницата од Гостивар до Букојчани.
Како Влада, велат направиле двојно, па дури тројно повеќе, споредено со две години претходно.
Автопатот, чиј рок за изградба е четири години и седум месеци, ќе придонесе за развој на туризмот и економски раст, рече министерот за транспорт, Александар Николоски.
„Првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека меѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде час и 20 минути, час и половина. Целосно ќе го промени ова функционирањето на економијата, но, исто така, ќе го промени и туризмот, а ќе се забрза и економскиот раст и ќе значи голема поврзаност за сите“, изјави Александар Николовски, министер за транспорт и врски.
Од Гостивар до Букојчани е втора делница од четирите на коридорот 8, со вкупна должина од 110 км. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, информираше доцнел процесот на експропријација, но со нивен ангажман најави дека процедурите бидат готови до нова година.
„До нова година ќе ја завршиме екпропријацијата целосно и тоа ќе ќе овозможи за Бехтел и енка непречено да може да работи. Притоа има расчистување на дрвна маса, повеќе од 2 км, која речиси и не епочната со расчистување за само месец и нешто. Така што ние ќе се трудиме да биде постигнат рокот, меѓтоа знаете при вакви крупни проекти зависи од многу фактори“, изјави Коце Трајановски директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Од компанијата „Бехтел и Енка“ посочија дека во проектот се вклучени и домашни работници и компании.
„Повеќе од 750 членови на тимот се локално население од најразлични дејности, а ние и натаму ќе го зголемуваме овој број, бидејќи продолжуваме да добиваме се повеќе и повеќе пристап до експроприраното земјиште за градба. Со поддршка на Стопанската комора веќе соработувавме со многу локални компании, 90% од нашите подизведувачи и 65% од нашите добавувачи на материјали се од локалниот пазар“, изјави Џошуа Бејкер, претставник од компанијата „Бехтел и Енка“.
Со реакции на денешните изјави се јавија опозициските партии, СДСМ и ДУИ, кои велат дека сегашната Владата претходно го критикувала проектот за коридорот 8, но сега се фали со истиот.
Данијела Билбиловска











