Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премиерот ги препраќа новинарите да бараат одговори од Груби за „Бехтел и Енка„

/

пред 1275 дена

Сподели преку :

Договорот на владата со „Бехтел и Енка„ се` уште се очекува од пратениците со безбедносен сертификат. Собранискиот спикер е на пат  и не даде одговор на прашањата од новинарите, дали владата го доставила договорот и кога и на која комисија ќе се разгледува? За спорниот договор денеска молчеше и премиерот.Посочи одговорите да се побараат од управувачкиот комитет предводен од вицепремиерот Артан Груби.

Во меѓувреме, дигитронот на опозицијата покажува милионска сума за пенали, која се зголемува со секој изминат ден, особено откако викендов истече рокот од 45 дена во кој, според документите што ги објавија од договорот, требаше да се донесе законот за 60 часовна  работна недела. Побараа владата да ја покаже оваа страница во која, според нив, се предвидуваат и дополнителни пенали што значително ќе ја зголемат првичната сума за изградба на автопатиштата.

Документот беше побаран и од Антикорупциската комисија, чии членови исто така имаат безбедносни сертификати, но ниту на нив не им беше доставен. Од комисијата реагираа и зошто првин е потпишан договорот, а потоа се носат законите?Потсетија и дека, транспарентност мора да има кога се трошат пари на граѓаните.

Во меѓувреме, и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ги повика надлежните институции да ја испитаат законитоста на договорот и ги охрабри да го сторат тоа во најбрз можен рок.

Далиборка Демјанска