Во пресрет на летната туристичка сезона, на тркалезна маса стручњаци од областа на безбедноста, претставници од Министерството за внатрешни работи, туристички агенции и делегации од меѓународни синдикални и полициски организации говореа за клучните правила и препораки за безбедно учество во сообраќајот, како и упатства за правилно и одговорно однесување на сите граѓани, но и на странските патници кои ќе транзитираат низ Македонија во текот на летото.











