Преспа форумот за дијалог за првпат на исто место ќе ги собере четворицата специјални преставници за регионот – од САД Габриел Ескобар, од ЕУ, Мирослав Лајчак, од Обединетото кралство Стјуарт Пич, и од Германија Мануел Сарацин, кои ќе имаат и заедничка средба со министрите за надворешни работи од Западниот Балкан.
Под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски, Форумот ќе се одржи од 16 до 18 јуни на кој е најавено присуство на повеќе претседатели, премиери, шефови на дипломатии, како и претставнци на тинк-тенк организации кои ќе разговараат за иднината на Западниот Балкан во современата безбедносна архитектура. На првиот Преспа форум за дијалог, минатата година, учествуваа околу 400 високи гости, со што тој беше означен како најголем дипломатско-политички форум во регионот.











