Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Престанете со напади на руските рафинерии и енергетски објекти – САД со предупредување до Украина

/

пред 945 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави ја повикаа Украина да престане со напади врз руската енергетска инфраструктура. Притоа предупредија дека нападите со дронови може да предизвикаат одмазда и зголемување на цената на нафтата на светските берзи, објави денеска „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на луѓе кои се запознати со тоа прашање.

Нападите веќе придонесоа за раст на цената на нафтата за четири отсто од 12 март, кога Украина почна да ја гаѓа руската енергетска инфраструктура.

Натамошен раст на цените на бензините во САД би довело до ослабнување на рејтингот на претседателот Џо Бајден и би ги поткопал неговите шанси за нов мандат.

Русија и Украина користат беспилотни летала за напади врз клучната инфраструктура, воени инсталации и концентрација на трупи во повеќе од две години од почетокот на војната. Киев, пак, во последните месеци во повеќе наврати гаѓаше руски рафинерии и енергетски објекти во западниот дел на Русија.

Русија, пак, ноќеска го изведе еден од најмасовните напади со проектили и беспилотни летала врз украинската инфраструктура досега, погодувајќи ја најголемата брана во земјата и предизвикувајќи прекин во снабдувањето со струја на неколку региони, објавија властите во Киев.

Државната хидроенергетска компанија соопшти дека нема опасност од пукање на браната, но и дека е погодена електроенергетска инфраструктура и во други делови на земјата. Пријавено е оштетување и на еден од далекуводите на нуклеарната електрана Запорожје.