Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претежно облачно со услови за слаб повремен дожд – Временска прогноза за 5.12.2023

/

пред 1038 дена

Сподели преку :

Претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец и услови за слаб повремен дожд. Во вечерните часови од запад ќе започнат врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозападот врнежи од снег.

Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, во ноќните часови со повремен дожд.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 5°C, а максималната од 5 до 11°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-5 Маврови Анови, -4 Крушево, -3 Лазарополе, Попова Шапка, -2 Берово, Крива Паланка, -1 Прилеп, Виница, Охрид, Демир Капија, 0 Штип, Струмица, Кавадарци, Куманово, 1 Велес, Тетово, Гевгелија, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Дебар, Претор, 2 Битола, 3 Дојран.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)

3 Попова Шапка.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

7 Крива Паланка, 4 Виница, 2 Струмица, 1 Берово, Кавадарци, Штип.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 11.0, Преспанско Езеро 7.5, Дојранско Езеро 8.5

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/