Наутро со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 7°C, а максималната од 18 до 25°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-1 Берово, 2 Битола, Струмица, 4 Крива Паланка, Лазарополе, 5 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Гевгелија, Куманово, Маврови Анови, 6 Претор, Штип, Велес, 7 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци, 8 Крушево, Виница, Попова Шапка.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 13.5, Дојранско Езеро 18.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]











