Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претрес во домот на 31 годишен охриѓанец, пронајдена и одземена марихуана

/

пред 145 дена

Сподели преку :

Вчера околу 20 часот, по претходно добиени сознанија и по консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, а со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршија претрес во домот и помошни простории во Охрид каде престојува И.Ј. (31) од Кичево.

При претресот е пронајдена и одземена марихуана, по што лицето е повикано во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.