Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседател на ловечко друштво од Струмица пријавен за проневера

/

пред 247 дена

Сподели преку :

СВР Струмица поднесе кривична пријава против претседател на ловечко друштво од Струмица за кривично дело „проневера во службата“.

  • Пријавениот, се сомничи дека во текот на 2024 и 2025 година од сметката на друштвото повлекувал поголеми износи на пари за лична корист, без соодветна оправданост или сметководствено покритие.

Со овие дејствија, осомничениот се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 1.326.787 денари, на штета на ловечкото друштво информираат од МВР.