Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседателката на Апелација, Мери Дика Георгиевска предложена за уставен судија

/

пред 192 дена

Сподели преку :

Судскиот совет изгласа – претседателката на Апелациониот суд во Скопје, Мери Дика Георгиевска да биде кандидат за иден судија на Уставниот суд. Ваквата одлука ја донесе со 10 гласови „за“ и еден против. Наспроти неа, кандидатката Елизабета Дуковска ја елиминираше со 11 гласови против. За Дика Горгиевска најголемиот дел од оние кои гласаа за рекоа дека има поголемо работно искуство како адвокат, судија во основен суд, во апелационен суд, предавач и магистар по правни науки, а била и во Судскиот совет.

„Мислам дека со ваква импозантна биографија, ќе гради стабилна судска доктрина и како што самата напишала функцијата ќе ја извршува со целосна посветеност н Уставот и со јасна определба и независност без компромис. Немам дилеми зошто гласав „за“. Ако е избрана, нека и е со среќа“, изјави Арлинда Кадри Шахиновиќ – член на судски совет.

„И јас се согласувам дека нејзината биографија е прекрасна и се надевам дека со таква биографија ќе приоднесе  и за Уставниот суд. И посакувам се најдобро таму ако ја изгласаат и во Парламент и сметам дека ќе даде придонес и таму како што давала и на другите функции кои досега ги извршувала“,  рече Садула Изаири – член на Судски совет

Единствено Сузана Јошевска Анасатасовска гласаше против. Според неа неспорно е дека Мери Дика е со долгогодишно искуство но сепак за да се избере некој судија на таква позиција би требало да има и придонес за правосудниот систем и јавно интервју, рече Јошевска.

„Јас имав предлог кога го носевме Деловникот овие квалитети на судијата да ги утврдиме преку јавно интервју или било какво интервју но мојот предлог беше јавно интервју. Доколку овој судија псоедува вакви квалитети, сметам дека лесно ќе можевме да ги утврдиме преку јавно интервју. Со овие доставени документи и нејзиното мотивациско писмо и пријавата, јас едноставно не можам да утврдам дека не само дека нема придонес во развојот на стручната теоретска мисла и во правниот систем туку на кој  начин овие документи покажуваат онаков квалитет за уставен судија како што се бара“, кажа Сузана Јошевска Анасатасовска – Член на судски совет

Судскиот совет објави оглас за уставен судија за испразносто место на Елизабета Дуковска чиј избор во мај лани го поништи Управниот суд. Истата сега повторно се кандидираше за судија во истиот суд, но токму времето поминато таму беше главен проблем за членовите за да не биде избрана. Условот е секој судија кој ќе биде кандидат да има најмалку 20 години судиски стаж, а на оваа судијка и фалеле токму 2 те години кои Управниот суд и ги поништи како судија во Уставен. На ова се противеше само Јошевска бидејќи смета дека ваквото толкување на законот не смее да се дозволи и мора да се гледа поширокото искуство кое секако го имала судијката. Со ова единствено Мери Дика советот ќе ја предложи до Собранието за иден уставен судија. Инаку таа беше сведок во процесот Рекет, против екс обвинителката на СЈО Катица Јанева и Бојан Јовановски како кума на Боки 13 и блиска на неговото семејство. Нејзината сестра пак Агапи Дика беше претседател на невладината Меѓународен сојуз на Боки 13 но беше сведок во тој процес.

Билјана Николовска Тодорова