Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседателката Сиљановска Давкова повика на обединување околу општото добро и јавниот интерес

/

пред 783 дена

Сподели преку :

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, по повод денот на независноста, повикува на обединување околу општото добро и јавниот интерес. Во честитката до граѓаните, Сиљановска пишува дека пропуштените можности, сеприсутната партизација и политизација и хроничната корупција ги оттуѓуваат граѓаните и ги иселуваат младите.

„Само со европеизација на државата, со владеење на правото и со борба против корупцијата, со функционални институции и со компетитивна економија, и систем на заслуги ќе им овозможиме на младите генерации, правото на потрага по среќа да го остварат дома, во заедничката татковина, во која ќе работат, и ќе создаваат иднина. Само така, ќе ја обновиме надежта и ќе го вратиме ентузијазмот од почетокот на македонската независност“, пишува Сиљановска.

„Мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети за да ја направиме македонската република пристојно место за живеење, што ќе им дава еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани, република што ќе биде инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите“, пишува Сиљановска во честитката по повод 8 септември.