Амариканскиот претседател Трамп го повлече ултиматумот за Иран, во наредните пет дена нема да има напади врз иранската енергетска инфраструктура. САД долго преговара со Иран, но дека овој пат Иранците се подготвени за договор, кажа Трамп. Претседателот на иранскиот парламент негираше дека Иран преговара со САД за прекин на војната. И ја отфрли реториката на Трамп како прикриен обид за манипулирање со немирните глобални пазари.
–Како реакција на лажното тврдење на Трамп, претседателот на Парламентот нагласи дека не се водени никакви преговори со САД. Г-дин Калибаф (сподели) порака на социјалните медиуми во која се вели дека „нашиот народ бара целосно и понижувачко казнување на агресорите“. И спомена дека „сите функционери цврсто стојат зад својот лидер и народ, сè додека не се постигне оваа цел“ и дека не се водени никакви преговори со САД. Г-дин Калибаф во оваа порака нагласи дека се шират лажни вести со цел да се манипулираат финансиските и нафтените пазари, а ова е обид да се избега од мочуриштето во кое се заробени САД и Израел, стои во соопштението објавено на Иранската телевизаија.











