Претседателот на Латвија, Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на нашата земја, денеска ќе има средба со неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски. По официјалниот пречек проследен со сите државни почести ќе следува тет-а-тет средба, по што е најавена и прес конференција.
Претседателот на Латвија, вчера имаше средба со шефот на дипломатијата Бујар Османи кој го пречека на скопскиот аеродром. Двајцата разговарале за актуелните политичко-безбедносни предизвици, како последица на руската инвазија на Украина од аспект на членството на двете држави во НАТО, а реафирмирана е и летонската подршка за нашите евроинтерграции.











