Изборите во САД се најдоа и на мени на обложувалниците.
Утрово таму се бележат значителни промени во шансите за победа на претседателските избори во САД.
Според најновите податоци, шансите за Доналд Трамп да победи растат и моментално изнесуваат 63%, додека шансите за Камала Харис паѓаат и се намалени на 37%.
За споредба вчера, Трамп имаше 58%, а Харис 42%.
Во последната недела, нивниот сооднос бил поизедначен, а пред месец дена, нивните шанси биле идентични.











