Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседаваше со Велигденското бдеење – Папата Франциск во инвалидска количка во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

/

пред 936 дена

Сподели преку :

Папата Франциск вечерва, сепак, претседаваше со Велигденско бдеење во Ватикан. Тој пристигна во базиликата „Свети Петар“ во инвалидска количка, ден по одлуката во последен момент да не учествува во поворката на Велики петок во Колосеумот поради неодамна влошената здравствена состојба.

Папата Франциск беше хоспитализиран кон крајот на февруари, а потоа беше подложен на дијагностички тестови. Зимава тој страдаше од настинки, бронхитис и грип. Поглаварот на Римокатоличката црква има последици и од скршеница на коленото и воспаление на лигаментите, поради што од 2022 година користи инвалидска количка.