Малата Евгенија е првото бебе во 2026, родено на полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство. Родена е со царски рез, тешка е 2,8 килограми и долга 48 сантимери и е трето дете во семејството Камчеви. Мајката е 38-годишната Емилија Камчева.
На полноќ се родени и две близначки во Гинекологија Чаир.
Мајката и бебето на ГАК денеска ги посетија министрите за здравство и за социјална политика, Азир Алиу и Фатмир Лимани, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.
Б.С.











