Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Превртен автомобил – сообраќајка на крстосница во Аеродром

/

пред 541 дена

Сподели преку :

Утрово на крстосницата меѓу булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Србија“ во Општина Аеродром се случи сообраќајна несреќа во која учествувале две возила од кои едното е превртено странично.

Во дел од материјалите на социјалните мрежи, може да се види дека останатите учесници во сообраќајот и минувачи се обидуваат да им укажат помош на лицата во превртениот автомобил.

Засега нема информации за повредени лица и за причините за сообраќајката.

Ова е втор инцидент во близина на споменатата крстосница, каде пред две недели беше повредено едно лице.