Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пријавителката на екс директорот на Геријатрија за земањето мито од 20.000 евра, реагира дека ја клеветат

/

пред 264 дена

Сподели преку :

Во недостаток на контра факти и аргументи одбрната на адвокатот Скендер Мемети на вчерашното судење беше темелена на неточни, невистинити кажувања, клевети и навреди спрема пријавителот на случајот што претставува крајно непрофесионално и неетичко однесување со цел да ги правда своите пари земени од клиент.

Во реакција до Телма ова го испрати пријавителката за земањето мито од 20.000 евра од страна на поранешниот директор на геријатрија Мухсин Арифи за да смести пациентка. Ова следи откако неговиот адвокат Мемети изјави дека семејството на пациентката има кривична пријава против пријавителката на митото.

За јавноста појаснувам дека семејството на пациентката ме замоли јас да ја преземам грижата за истата и како поткрепа за тоа сите потпишаа изјави на нотар, кои се приложени од старт пред сите наделжни органи, вели пријавителката. Доколку адвокатот Мемети не и се извини јавно најавува тужба против него за клевета и навреда.

Мемети заедно со негувателот Блерим Амити негираат вина, а вчера екс директорот прстот го впери во сведокот кој го пријавил случајот. Ја обвини дека таа нудела пари за да смести жена на 42 години во болница за каде и било кажано дека не и е местото.

Директорот на Геријатрија обвинет за земање мито ја обвини пријавителката дека го мести со лукративни цели