Новинарката на „Фокс њуз“ и дописничка од Белата куќа, Жаки Хајнрих извести дека САД и Русија моментно расправаат за план за мир во Украина во три фази – примирје, избори во Украина и потпишување на финален договор.
По разговорите меѓу САД и Русија, Стејт департментот извести дека американската и руската делегација се договориле за „отстранување на пречките“ за билатералните односи и за продолжување на подготовките за преговори за руската војна против Украина.
Конректно, договорено е именување на „тимови на високо ниво“ за преговори за Украина.











