Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Принцот Ендрју се откажа од титулите по сериозните обвиненија за педофилија и поврзаност со Џефри Епстин

/

пред 363 дена

Сподели преку :

Британскиот принц Ендрју повеќе нема да ги користи своите титули, вклучувајќи ја и титулата Војвода од Јорк, по „разговорот кој го имал со кралот“.

„Заклучивме дека продолжението на обвиненијата против мене ја попречуваат работата на неговото височество и кралското семејство“ – се вели во изјавата на принцот Ендрју испратена до медиумите.

Тој ќе остане принц, но ќе престане да ја носи титулата Војвода од Јорк, која ја добил од својата мајка, починатата Кралица Елизабета.

Принцот Ендрју беше под голем притисок пред се заради огромниот скандал и поврзаноста со сексуалниот предатор и педофил, Џефри Епстин.

Неговото име се појави во повеќе сведоштва на жртвите на Епстин, како еден од честите посетители на островот на кој се вршела страотната злоупотреба на малолетни девојчиња.

Иако засега се спаси од кривична одговорност, неговото откажување од титулите се смета како неопходен чекор да се спаси имиџот на британското кралско семејство.

Н.И