Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Притвор за четворица, ја украле бронзената биста на Стале Попов и Бранка Поповска од гробиштата Бутел

/

пред 394 дена

Сподели преку :

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик.

  • Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска, соопшти ОЈО Скопје.

Бистата била зацврстена со анкери, при што тие ја разурнале и оштетиле самата платформа на гробот и го осквернавиле гробното место.

Според обвинителството откако бистата ја собориле на земја, ја влечеле се до жичената ограда каде претходно направиле отвор и преку отворот ја префрлиле бистата и ја натовариле во автомобил, со намера да ја присвојат.

Проценетата вредност на бистата во сопственост на наследничка на починатите изнесува околу 320.000 денари.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.

МВР лиши од слобода четворица мажи од Скопје кои украле бронзена биста од гробиштата Бутел