Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приватните превозници и Град Скопје си пружија рака – од утре повторно на градските улици

/

пред 693 дена

Сподели преку :

Од утре приватните превозници продолжуваат да возат редовно. Тие се откажаа од блокадата која беше најавена за во понеделник на неколку главни крстосници. На денешната кординативна средба меѓу градоначалничката Арсовска, приватните превозници и советничките групи постигнат е договор експерти да одлучат колку точно ќе биде зголемена цената по извозен километар. Денешниот состанок кој траеше неколку часа беше по барање на приватниците кои се надеваат дека ќе добијат поддршка од сите партии.

„На овој состанок успеавме да се договориме дека за 15 дена ќе биде изработена стручна анализа заедно со нас и ќе се најде некое оптимално решение за да може да се направи нова методологија на цената. Од први јануари стартуваме со нова цена. Ќе се склучи анекс на договорот и ќе имаме ние нова цена, изјави Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници.“

Од СДСМ на денешниот состанок предложија да се направат анализи за тоа колку да биде покачена цената по километар. Нивниот предлог се прифати беше прифатен од останатите присутни.

 Од ВМРО-ДПМНЕ го напуштиле состанокот после половина час бидејќи сметаат дека бил дел од политички игри.

Вчерашниот заклучок за зголемување на цената од 30 денари по километар според опозицијата беше невалиден бидејќи немало кворум, а надлежната власт одлуката е валидна бидејќи имала кворум од 29 советници.

Тамара Марковска