Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен 18-годишник од тетовско, по меѓусебна расправија најпрво физички нападнал соселанец, а потоа го удрил со автомобил

/

пред 204 дена

Сподели преку :

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 18-годишник, од село Јажинце, кој по меѓусебна расправија пред угостителски објект во селото најпрво физички нападнал друг соселанец, а потоа додека се движел пеш и го удрил со автомобил.

Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера во 23:00 часот, по што лицето Б.Б. (18) е лишено од слобода, а возилото одземено и против него ќе следува соодветна пријава.

На 13.04.2026 во 23:00 часот во с. Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Б.(18) од с. Јажинце. По претходна пријава од М.С.(22) од с. Јажинце, дека во селото пред угостителски објект, поради претходно меѓусебна расправија Б.Б. физички го нападнал, а потоа додека М.С. пеш се движел бил удрен од патничко моторно возило „опел“ со тетовски регистерски ознаки управувано од пријавениот. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.