Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен водич во автобус во кривопаланечкиот регион поради „давање поткуп“

/

пред 132 дена

Сподели преку :

Приведен е водич во автобус во кривопаланечкиот регион поради „давање поткуп“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Денеска во 6:30 часот на подрачје на СВР-Куманово – ОВР-Крива Паланка, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки. Од извршената контрола, констатирано е дека автобусот е управуван од страна на Х.У., државјанин на Република Турција. Од страна на Н.Ц., косовски државјанин, кој бил во улога на водич во автобусот, приложена била патна исправа за идентификација во која имало банкнота од 50 евра. Н.Ц. е лишен од слобода по член 358 став 1 од Кривичниот законик „давање поткуп“ и е спроведен во Полициска станица – Крива Паланка – појаснија од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што се додава во соопштението, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.