Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен жител од Василево кој со пушка пукал кон деца

/

пред 458 дена

Сподели преку :

29-годишен маж од село Ангелци, Василево, е приведен од полицијата под сомнение за серија кривични дела извршени во период од 2 до 7 јули. Според информациите од МВР, тој провалил во две викенд куќи во битолското село Крклино, а потоа во Долно Српци украл ловечка пушка калибар 16 мм и две туби со гориво. На 7 јули, осомничениот со украдената пушка пукал кон 22-годишен маж и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години. Подоцна, на влезот од селото Вашарејца, се обидел да пука и кон полициски службеници, но не успеал. Полицијата возвратила со оган и го погодила во ногата, по што бил приведен. Против него е поднесена кривична пријава за две убиства во обид, три тешки кражби и недозволено држење и тргување со оружје. Осомничениот е во притвор, а истрагата за инцидентот е во тек.