Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведени 30 странски државјанки во угостителски објекти во Тетовско

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Во акциска контрола на полицијата спроведена во два угостителски објекти во Тетово и селото Желино, синоќа се приведени 30 странски државјанки од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија, информираат од МВР.

Причината за приведувањето е злоупотреба на туристичкиот престој, односно престој спротивно на наведената цел.

Контролата ја спровеле полициски службеници од СВР Тетово во координација со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во периодот од 23:30 до 02:30 часот.

Приведените лица се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Соодветна пријава ќе следува и за сопственикот на еден од објектите, жител на Желино, и управителот на вториот објект од Тетово.