Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведени раководител на подружница на ЈП „Македонски шуми“, началник на полиција, полициски службеници

/

пред 387 дена

Сподели преку :

Од вчера попладне се спроведува широка полициска акција во источниот дел на државата – во Берово, Пехчево и Делчево – насочена кон разбивање на организирана криминална група поврзана со нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба и корупција. Акцијата, која сè уште трае, вклучува претреси на повеќе локации и приведување на осомничени лица од различни институции. Според неофицијални информации, меѓу приведените се актуелен раководител на подружница на ЈП „Македонски шуми“, началник на полиција, неколку полициски службеници, шумски полицајци, како и службеник од подрачна единица на Министерството за земјоделство. Исто така, уапсени се и сопственици на приватни фирми дознава Телма. Според информациите на „Телма“ оваа криминална група, со години наназад вршела дива сеча на дрва во шумите во малешевскиот крај, при што илјадниците кубици дрвна маса потоа биле заведувани како легално исечени и транспортирани во повеќе фирми поврзани со мрежата. Полицијата обезбедила голем број на материјални докази, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот од надлежните институции.