Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведени три припаднички на Фемен во Женева поради оштетување на скулптурата „Скршено столче“

/

пред 676 дена

Сподели преку :

Три феминистички активистки денеска се приведени откако го оштетија споменикот пред комплексот Обединети нации во Женева во знак на протест поради војната на Русија против Украина и неуспехот на ОН да стави крај на конфликтот.

Две припаднички на групата Фемен со моторна пила ја сечеа дрвената скулптура позната како „Скршено столче“. Скулптура висока 12 метри, е оштетена во долниот дел, а го симболизира повикот за забрана на „оружје за уништување“.

Две жени носеа ленти на нозете во сина и жолта боја, алудирајќи на украинското знаме.

Демонстрантките на голите гради и грб им беа испишани зборовите „стоп за мините“ и постојано извикуваа пцости против ОН и Русија. Тие одбија да разговараат со новинарите.