Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Привремено преселување на Палестинците и обнова на Газа, жителите во страв за повторно раселување

/

пред 620 дена

Сподели преку :

Привремено преселување на скоро два милиони Палестинци со цел разурнатата Газа да може да се обнови и реконструира е идејата на американскиот претседател Трамп кој предизвика бројни реакции.

Откако заврши 15 месечната војна и започна размената на заложници и притвореници меѓу Израел и Палестина луѓето се соочија враќање на местото на злосторот. Разрушени куќи и згради, урнатини, нефункционални институции и непроодни улици се само дел од глетката на жителите на Газа.

  • „Неговите (на Трамп) јазви се неприфатливи и отфрлени од самиот почеток. Ти(Трамп) сакаш да ме раселиш, да ме испратиш во странство и да донесеш други луѓе тука наместо мене. Ти ги имаш облакодерите, тоа е за тебе, не за мене. Јас прифаќам да живеам во шатор и под урнатините. Нема да заминам. Стави го тоа во твојата глава, твоја совест, не во Египет, не во Јордан, не во Југославија, ни Аргентина, или било каде на друго место. Јас сум роден тука и ќе умрам тука. Нема да заминам, нема да заминам, нема да заминам“ изјави  Мустафа ал Газар, раселен од селото Јабне.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека нема ништо лошо во планот на Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Газа и нејзино претворање во „блискоисточна ривиера“. Бројни држави и групи за човекови права го осудија планот како етничко чистење, кој предвидува и американско преземање на малата енклава. Во интервју за „Фокс њуз“, Нетанјаху не зборуваше директно за планот на Трамп, но ја поддржа идејата дека оние кои сакаат да ја напуштат Газа можат да го направат тоа. Тој не верува дека Трамп би испратил трупи да се борат против Хамас и дека Вашингтон би ја финансирал обновата на Газа. На 25 јануари, Трамп првпат кажа дека Палестинците од Газа би требало да се преселат во соседните арапски земји, како Египет и Јордан.

  • „Соседните држави, богатите држави би го направиле тоа. Но, вистинската идеја е да им се дозволи прво на жителите на Газа кои сакаат да заминат, да заминат. Мислам, што не е во ред со тоа? Тие можат да заминат. Потоа можат да се вратат. Тие можат да се преселат и да се вратат.Но, треба Газа да биде обновена, ако сакате да ја обновите Газа, не можете да имате. Ова е првата добра идеја што ја слушнав. Тоа е извонредна идеја и мислам дека треба навистина да се продолжи. Испитано, следено и сторено, бидејќи мислам дека тоа ќе создаде различна иднина за секого“ изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Израелскиот министер за одбрана Кац и нареди на војската да подготви план што ќе им овозможи на жителите на Газа доброволно да ја напуштат палестинската енклава, објави неговиот кабинет. Тој во соопштението конкретно ги спомна потенцијалните дестинации за жителите на Газа како што се Шпанија, Ирска, Норвешка и други земји кои изнесоа, како што рече, „лажни обвинувања“ во врска со војната на Израел против Хамас во Газа, тврдејќи дека ако овие држави одбијат да ги примат Палестинците, „нивното лицемерие ќе биде разоткриено“.

Кац ја спомена и Канада, која има „организирана програма за имиграција“ и која „претходно изрази подготвеност да ги прифати жителите на Газа“. Планот би предвидел излез преку копнени премини, како и „посебни аранжмани“ за поаѓање по морски и воздушен пат, пренесува Тајмс оф Израел. Според него планот на Трамп може да ги унапреди „плановите за рехабилитација во демилитаризирана Газа што нема да претставува закана во ерата по Хамас, и ќе доведе до траен мир.

Теа Димковска