Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Привремено затворени аеродромите во Манчестер, Ливерпул и Абердин – делови од В. Британија под вода

/

пред 650 дена

Сподели преку :

Обилниот дожд предизвика поплави во делови од Англија, а поради снегот привремено се затворени аеродромите во Манчестер и Ливерпул, северозападна Англија и во Абердин, североисточна Шкотска

Изминатите денови беа издадени над 200 предупредувања за опасност од поплави по излевање на дел од реките.

Неколку железнички линии и главни патишта, исто така, беа затворени поради влажни и замрзнати површини, додека снегот и мразот предизвикаа прекини во северна Англија и Шкотска.

Од понеделникот десетици луѓе се спасени од поплавените домови и заглавени автомобили во Мидлендс, а стотици училишта се затворени во северните региони на Велика Британија.