Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продажната цена на јагнешкото месо е речиси трипати повисока од откупната

/

пред 1296 дена

Сподели преку :

Јагнешкото месо во месарниците се продава по цена од над 540 денари за килограм, а сточарите на откупувачите им го продаваат од 180 до 190 денари за килограм жива мера. Сточарите од штипскиот регион велат дека ова е неприфатлива цена за нив, побараа реална откупна цена за да си ги покријат трошоците, но и да им останат пари за преживување.

Во Лакавичкиот регион, каде речиси секое семејство одгледувало овци, сега на една рака се бројат сточарите. Во село Лакавица, сточарот Омер Бајрам има бачило со 400 овци и е единствениот кој во селото останал да одгледува стока. Ниската цена на месото и на млекото се причина за намалување на сточниот фонд во овој крај.

Македонското јагне пред католички Велигден се извезува вообичаено во Италија, Хрватска и Грција. Сточарите калкулираат дека за извоз ќе завршат околу 200.000 јагниња.

Викторија Димитрова Јованова