Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжен за два месеци притворот на осомничените за нападот во северно Косово на 24 септември

/

пред 1076 дена

Сподели преку :

Основниот суд во Приштина им го продолжи притворот за уште два месеци на тројцата косовски Срби осомничени за нападот врз косовската полиција во Бањска во северно Косово, на 24 септември.

Веста за невладината организација која го следи косовското правосудство, „Заклетва за правда“, ја потврди портпаролката на приштинскиот Основен суд, Мирлинда Гаши.

Во врска со вашето барање за информација, ве известуваме дека… Основниот суд во Приштина – Специјално одделение го прифати барањето на Специјалното обвинителство на Република Косово, со што на обвинетите В.Т., Б.С. и Д.М. им е продолжена мерката притвор во траење од два месеци, за секој поединечно, се наведува во одговорот на судот.

Во Бањска кај Звечане во раните утрински часови на 24 септември годинава беше убиен наредникот Африм Буњаку, а двајца полицајци беа ранети. Тројца од напаѓачите потоа беа убиени, додека другите избегаа по неколкучасовно криење во манастирот Бањска.