Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува потрагата кај браната Глажња по 30 годишниот маж кој вчера исчезна во водите на езерото

/

пред 1177 дена

Сподели преку :

И денеска продолжува потрагата по 30 годишникот од с.Никуштак откако во текот на вчерашниот дена спасувачките екипи не успеаа да пронајдат траги од исчезнатото лице.

Во потрагата вклучени се три нуркачки тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ .

Мажот вчера влегол во водите на езерото кај браната Глажња по што му се губи трагата.

Нуркачки екипи го пребаруваа вештачкото езеро Глажња во Липково, но засега не успејаа да го пронајдат телото.

Од Центарот за управување со кризи објавија дека се работи за маж со иницијали Ф.Р..

Во текот на изминатата ноќ акумулацијата била надгледувана од полициски припадници од на полициската станица Матејче.