Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува расправата за избор на уставен судија

/

пред 1062 дена

Сподели преку :

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ја продолжи расправата за избор на судија во Уставниот суд.

Расправата почна вчера, а предложени се четворица кандидати – професорите Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Родна Живковска и Саво Климовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и долгогодишниот судија и обвинител Тодор Витларов.

Професорката Дабовиќ Анастасовска е на предлог од владејачкото мнозинство, додека, останатите тројца се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Од сите четири кандидати, треба да биде избран само еден.

Предлогот за нов уставен судија е поради испразнетото место на судијата Јован Јосифовски, чиј мандат истече во јануари 2022 година.

Опозицијата за Анастасовска: Брилијантен правник што ќе седи во лошо друштво