Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судењето за случајот со родилката од Дебар

/

пред 555 дена

Сподели преку :

Во Основниот суд во Струга денеска продолжува судскиот процес за случајот со Јилдз Веапоска од Дебар, на која по породување со царски рез во Општата болница во Струга ѝ биле отстранети матка, јајник и бубрег.

Обвинети во случајот се гинекологот Мухамед Асани, неговиот син д-р Блертон Асани и д-р Лилјана Јованоска.

Оштетената тврди дека станува збор за лекарски пропуст и очекува правдата конечно да излезе на виделина.

Одбраната го оспорува составот на комисијата која го изработила супер вештачењето, тврдејќи дека требало сите членови да бидат од Медицинскиот факултет – Скопје, а во случајот само еден од тројцата експерти е од Скопје, другите се од Штип и од приватна ординација.

Супер вештачењето беше побарано бидејќи постоеја несогласувања помеѓу првичното вештачење од Судска медицина и извештајот на техничкиот советник на обвинетите.

Институтот за судска медицина тврди дека се направиле сериозни грешки од страна на лекарите.

Советникот д-р Драге Дабески, пак, вели дека лекарите постапиле соодветно и ѝ го спасиле животот на родилката. Судењето досега започна три пати од почеток поради промени на судечкиот судија.