Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судењето против Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на бугарскиот клуб од Битола, обвинет за предизвикување национална и расна омраза

/

пред 1071 дена

Сподели преку :

Во битолскиот основен суд продолжува судењето против Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на бугарскиот клуб од Битола што беше именуван по соработникот на фашистите Иван (Ванчо) Михајлов кој е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

Кривичната постапка против него ја поведе Основното јавно обвинителство од Битола.

На претходното рочиштето кое траеше околу два часа беа сослушани двајца од сведоците на Обвинителството, и тоа Стефан Бошков, претседател Сојузот на борци од Битола и внук на народниот херој Стив Наумов, како и публицистот Зоран Ѓоргиев, кој неодамна ја објави книгата за историјата на битолските Евреи „Траги на еврејското наследство во Битола“.