Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува војната на зборови меѓу хрватскиот премиер Пленковиќ и претседателот Милановиќ за набавката на француските авиони „Рафал“

/

пред 305 дена

Сподели преку :

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, коментирајќи ги критиките на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, дека Французите прво продале борбени авиони „Рафал“ на Хрватска, а потоа и на Србија, и не го прашале ништо за тоа официјален Загреб, денеска му предложил на шефот на државата да оди во Париз и да им го каже тоа на Французите, јави Хина.

Нека оди во Париз, па нека им го каже тоа на Французите. Сите знаеме, и ова го кажавме неколку пати – а тоа го кажаа и нашите воени и воздухопловни експерти – „Рафалите“ се тука, практично се платени, тие се функционални. Моментално имаме најмоќни воздухопловни сили меѓу Германија и Грција, им рече Пленковиќ на новинарите за време на посетата на Загрепската катедрала, кога беше прашан како гледа на критиките на Милановиќ за однесувањето на Французите во врска со авионите „Рафал“.

Што се однесува до Србија, додаде Пленковиќ, таа набави свои авиони, но тие не се на нивото на опременост каква што имаат сојузниците во НАТО, а тоа се Хрватска и Франција. Затоа, тврди хрватскиот премиер, овие технички разлики се доста важни и големи.

Србија купи 12 нови француски „Рафали“ по цена од 100 до 120 милиони долари по авион, а Хрватска, според претходните медиумски извештаи, набави 12 половни „Рафали“ за 999 милиони евра.