Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжуваат доселеничките напади на Западниот Брег – опожарена и осквернавена џамија

/

пред 335 дена

Сподели преку :

Израелските доселеници продолжуваат со серијата напади против Палестинците на Западниот брег.

Минатата ноќ, нападната, запалена и осквернавена со говор на омраза била џамија во палестинско село во централниот дел од Западниот Брег. Овој напад доаѓа откако, некарактеристично за израелското општество, дел од политичките лидери го осудија насилството од последните денови.

На еден од ѕидовите биле напишани графити со пораки како: „не се плашиме“; „повторно ќе се одмаздиме“ и „продолжете со осудите“. Запалени биле повеќе копии на куранот и еден од ѕидовите на џамијата.

Ова е само последниот во серијата напади кои провоцираа изрази на наводна  загриженост од дел од политичките и воени лидери на Израел и администрацијата на Трамп.

Секако, Премиерот Нетанјаху и останатите екстремно десничарски министри во израелската влада засега не ја коментираа ескалацијата на насилството.

Но, американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека постои „одредена загриженост околу можноста настаните на Западниот Брег да се прелеат и имаат последици на тоа што се обидуваме да го направиме во Газа“.

Израелските претставници се обидуваат да го претстават доселеничкото насилство како дело на неколку екстремисти, но Палестинците и групите за човекови права објаснуваат дека насилството е многу повеќе раширено и го вршат доселениците насекаде во целиот Западен Брег, без никакви последици од израелската екстремно десничарска влада на Нетанјаху.

Минатиот месец беше месец со најмногу доселенички напади на Западниот Брег, откако канцеларијата на ОН за хуманитарна помош започнала да води евиденција во 2006-тата година.

Н.И