Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжуваат мировните преговори за Газа

/

пред 373 дена

Сподели преку :

Мировните преговори меѓу Израел и Хамас продолжуваат денеска во египетскиот град Шарм ел-Шеик, токму на втората годишнина од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, што ја започна крвавата војна во Појасот Газа. Вториот ден од индиректните разговори е фокусиран на новиот мировен план предложен минатата недела од американскиот претседател Доналд Трамп. Според висок египетски претставник, Хамас бара гаранции дека Израел нема да продолжи со воените дејства по ослободувањето на преостанатите 48 заложници. Израел верува дека 20 од нив сè уште се живи. Од своја страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната ќе заврши само по враќањето на сите заложници и разоружување на Хамас. Планот на Трамп, кој предвидува Газа да биде под меѓународна управа и разоружување на Хамас, има широка меѓународна поддршка, но сè уште не е прифатен од страна на милитантната група.