Продолжуваат партиските преписки на релација ВМРО ДПМНЕ – СДСМ. Опозицијата обвинува за скандалозни предлог измени во Законот за полиција. Тврдат дека се симнуваат критериумите за образование и искуство за највисоките оперативни позиции во МВР, со цел партиски послушници, без ден искуство, да командуваат со полициски сили. Од ВМРО-ДПМНЕ пак продолжија со обвинувањата дека структури од СДСМ делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда. Велат, имаат сознанија, дека постои целосна поврзаност и соработка за негирање на македонскиот идентитет и јазик, и напади на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски.











