Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжуваат протестите низ Србија против намерите за ископ на литиум

/

пред 815 дена

Сподели преку :

Во Србија и денеска продолжуваат протрестите против намерите за ископ на литиум, и според медиумите најавени се протести во Краљево, Шабац, Аранѓеловац и Љиг.

Во вторник ќе има протести во Косјериќ и Младеновац.

Во изминативе денови протести имаше во Ваљево, Лозница, Гроцка, Прељина, Коцељева и Неготин.

Протестите се интензивираа откако Владата на Србија ја усвои Уредбата за утврдување „Просторен план“ на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот за експлоатација и преработка на минералот јадарит „Јадар“.

Низ државата се организираат и најавуваат протести против „Рио Тинто“ и ископувањето и експлоатацијата на литиум.

Претходно српскиот претседател Александар Вучиќ најави можност за референдумско изјаснување, а Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ најави формирање на парламентарна комисија поврзана со литиумот и ја покани опозицијата да учествува во нејзината работа.

Сепак, еколошките активисти и опозициските партии во Србија се погласно се противат на овој проект.